Германија ѝ помага на Италија, прифаќа пациенти со коронавирус

817

Германските болници со слободни капацитети ќе примат најмалку 47 пациенти со коронавирус од Италија во знак на европска солидарност, изјави германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас.

– Затоа што стоиме со нашите италијански пријатели. Ова можеме да го решиме само заедно – рече Мас во кусо соопштение.






Пред очекуваниот голем бран на домашни заразени за кои се подготвуваат германските власти, првата група од шест италијански пациенти веќе пристигна во Лајпциг во источната провинција Саксонија.

Во Германија со коронавирусот се заразени 43.646 луѓе, а починале 262 лица.

Поврзани содржини