Германската Влада предупредува против „национален егоизам“ во борбата со Ковид-19

Националните напори што ситуацијата ги бара од секој од нас не смеат да резултираат со спирала на национален егоизам - рече Маас пред состанокот во Г7 што треба да се одржи денеска.

294

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска повика на меѓународна солидарност во време кога светот е погоден од пандемија на коронавирус.

– Националните напори што ситуацијата ги бара од секој од нас не смеат да резултираат со спирала на национален егоизам – рече Маас пред состанокот во Г7 што треба да се одржи денеска.






– Приоритетите на германската Влада се да ги координираат нашите активности со нашите партнери ширум светот и да покажеме солидарност каде и да видиме дека можеме да го сториме тоа – рече германскиот министер за надворешни работи за агенцијата ДПА.

Министрите за надворешни работи на Г7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, ќе одржат видео конференција попладнево, а една од главните теми ќе биде брзото ширење на пандемијата на коронавирусот.

Поврзани содржини