Димитров со колегите телефонски договара враќање на граѓаните дома

495

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера и денес имаше телефонски разговори со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срѓан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг. Во фокусот беше олеснување на процесот на поврзување (интерконективноста) меѓу земјите во периодот на кризата, со крајна цел, помош на граѓаните, соопшти МНР.

– Заеднички беше констатирано дека ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот заради панедемијата, со главен фокус на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот, во матичните земји – велат од МНР.






Министрите истакнаа дека ќе сторат сѐ што е во можностите на нивните надлежности и дека континуирано ќе се залагаат за државите да преземаат активности на координиран начин и врз основа на принципите на солидараност.

 

 

 

 

Поврзани содржини