На корона тест седуммина од Тетово, Штип, Куманово…
Тие имаат висока температура и се во изолација. Имаме околу 120 респираторни апарати – рече Филипче
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека седум граѓани се тестираат дали се заболени од коронавирусот, а меѓу нив се и две родилки.
– Сите други пациенти и 15 годишното момче се во стабилна состојба. Лицата кои се тестираат се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид , а дел од нив биле во Швајацарија и Германија. Тие имаат висока температура и се во изолација. Имаме околу 120 респираторни апарати – рече Филипче и додаде дека состојбата во Дебар и Центар Жупа, според информациите од МВР е под контрола.