Трамп предлага одложување на Олимпијадата во Токио за една година

169

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека официјалните лица би требале да ја разгледаат опцијата за одложување на Летните олимписки игри во Токио за една година поради пандемијата на Ковид-19.

Според Трамп, тој настан не е ист со и без публика.






САД се инаку најбројниот учесник на Олимпијадата, која оваа година е планирана да се одржи од 24 јули до 9 август.

Јапонски официјални претставници се обидоа да шпекулираат дека Олимпијадата би можела да биде одложена или откажана по прогласување пандемија на коронавирусот во светот.

Поврзани содржини