Негативен на коронавирусот е и пациентот кој со висока температура се јавил на Инфективната клиника

Министерот за здравство Венко Филипче на пладневната прес-конференција во владата рече дека пациентот здрав се вратил од Германија на 7 март, а изутрината со висока температура се јавил на Инфективната клиника.

475

Негативни се резултатите од тестот за коронавирус на пациентот кој денеска во утринските часови со висока температура се јавил на Клиниката за инфективни болести. Ова попладнево го потврди премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по лидерската средба во владата.

Министерот за здравство Венко Филипче на пладневната прес-конференција во владата рече дека пациентот здрав се вратил од Германија на 7 март, а изутрината со висока температура се јавил на Инфективната клиника.






Тој информираше дека од деветтемина пациенти кои имат коронавирус и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, шест се во стабилна здравствена состојба, а кај тројца од нив има лесно влошување што значи имаат поотежнато дишење, но се уште не е потребна респираторна поддршка и се интензивира терапијата. Тројцата се на возраст над 65 години.

Дополнителни мерки предложи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, кои попладнево на седница ќе ги разгледа владата.

 

Поврзани содржини