Шест деца од Скопје се во домашна изолација

258

Три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ од Козле, две деца од основното училиште „Братство“ во населбата Тафталиџе, како и едно дете од градинката „Пролет“ се во домашна изолација од денеска.

Родителите на децата од „Владо Тасевски“ учествувале на симпозиумот на кој присуствуваше и заболената директорка на кожната клиника.






Докторката Кујтиме Мехмети од Клиниката за кожни болести на трети март држела предавања во ОУ „Братство“ и сега е во 14-дневна домашна изолација заедно со нејзините две деца. Мехмети посочи дека не била во директен контакт со заразената директорка со корона вирус.

 Свесни сме за паниката која се шири по основните училишта и градинките. Набавуваме дополнителни средства за хигиена по градинките и основните училишта, а покрај направената редовна дезинфекција (спроведена на крајот на февруари), следува и вонредна дезинфекција на воспитно-образовните установи. Повикувам на смиреност – рече денеска градоначланикот на Карпош Стефан Богоев, по посетата на училиштето „Јан Амос Коменски“.
Поврзани содржини