📽️ 2 БОМБИ ЕКСПЛОДИРАЛЕ ВО ДАМАСК ДОДЕКА МАКРОН ЗБОРУВАЛ СО ШАРА Времето за деактивација било кратко, повредени се 18 лица

Додека францускиот претседател разговарал со Ахмед ал-Шара во претседателската палата, две бомби експлодирале во близина на хотелот каде што престојувал.

1

Двете експлозии што во вторникот, 7 јули, го потресоа центарот на Дамаск за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон оставија најмалку 18 повредени лица. Меѓу нив е и заменик-министерот за туризам на Сирија, Фараџ ал-Кашкуш, јави телевизијата „Ал-Хадат“.

Веста предизвика големо внимание бидејќи ескплозиите се слушнале во близина на хотелот во кој претстојувал Макрон.






Според сириското Министерство за внатрешни работи, безбедносните служби навреме откриле две експлозивни направи, едната во паркиран автомобил, а другата во контејнер за отпад.

Меѓу повредените лица се и четворица полицајци.

Макрон во тој момент бил во претседателската палата

Иако бомбата одекнала близу хотелот во кој престојувал, францускиот претседател не бил во близина на местото на нападот. Според француските медиуми, во моментот на експлозиите Макрон разговарал со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во претседателската палата.

Елисејската палата соопшти дека ниту претседателската колона ниту новинарите што го придружувале францускиот лидер не ги слушнале детонациите.

– Не сме наивни во врска со ризиците, но успеваме да ги изменаџираме – изјави Макрон подоцна на заедничката прес-конференција.

 

Целта била да се посрами Сирија?

Нападот повторно ги отвори прашањата за безбедноста во Сирија и за способноста на новите власти да ја стабилизираат земјата по долгогодишната граѓанска војна.

– Одредени групи се обидуваат да ја спречат целосната реинтеграција на Сирија во меѓународната заедница – рече Макрон.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, а сириските власти соопштија дека истрагата е во тек.

Франција најави економска и безбедносна поддршка

И покрај инцидентот, посетата продолжи според планираното. Макрон најави дека Франција е подготвена да помогне во обновата на сириската економија, банкарскиот сектор и безбедносните структури.

Заедно со француската делегација во Дамаск пристигнаа и претставници на големи компании, меѓу кои „Тотал Енерџис“ и „ЦМА ЦГМ“, кои веќе почнаа разговори за нови проекти во земјата.

Поврзани содржини