📽️ ТОРНАДО ВО КИНА ОДДУВА ЧОВЕК ОД 12. КАТ Поплавите ослободија 800 змии од една фарма

Најмалку 11 лица загинаа во разорното торнадо во Хубеи, додека поплавите во јужна Кина ослободија стотици змии, меѓу кои и кобри.

0

Торнадо со ветрови до 260 километри на час усмрти најмалку 11 лица во кинеската покраина Хубеи, а локалните медиуми објавија дека 30-годишен маж бил извлечен од својот стан на 12. кат. Во исто време, поплавите во јужна Кина ослободија повеќе од 800 змии од една фарма, меѓу кои и кобри.

Видео од торнадото покажува како ветерот урива куќи, превртува возила и носи тешки предмети низ улиците. Во друга покраина, жителите организирале потрага по избеганите влекачи, откако еден човек бил каснат и пренесен во болница.






 

 

Поврзани содржини