13 ЖЕНИ МЕНАЏЕРКИ СЕ НОСИТЕЛKИ НА СТАТУEТКА „ЖЕНА ВОДИЛКА“ Кои се најуспешните менаџерки?

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата. 

1,291

Статуетка „Жена водилка“ ќе им биде доделена на  13 најуспешни менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска.

Манифестацијата која традиционално ја организира агенцијата „Марели“ ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев.






Годинашни лауреатки се Катерина Бошевска – генерален директор на ЕОS Македонија и  EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска – генерален менаџер на Камел 98 – Виница, Евгенија Ѓорѓиеска – извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо – Прилеп, Цветанка Илиева – генерален менаџер на Бистро Груп ДОО – Гевгелија, Ирена Јакимова – генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Јелисавета Георгиева Јовевска – потпретседател  на СКСМ, Клаудија Лутовска – генерален менаџер на Сеттим Консалтинг – Битола, Марија Патриклиска – менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД  – Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека  „Сара Фарм“ – Скопје, Сања Путица – менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д –  Хрватска, Дариа Шуриќ – генерален менаџер на DarMell – Хрватска и Зорана Пејчиќ – генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување – Србија.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

„Марили“ денеска го организира и третиот регионален бизнис форум посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија.

Тема на годинашниот „Марили Бизнис форум“ е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите кои доаѓаат од македонски и регионални компании, во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија.

 

Поврзани содржини