🎥 12 МРТВИ, 39 ПОВРЕДЕНИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД ВРЗ ТАТАРСТАН Украина нападна руски град и рафинерија

Најмалку  12 луѓе загинаа, а 39 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз индустриски и цивилни цели во Нижнекамск, град во руската република Татарстан, објави градоначалникот.

2

Најмалку  12 луѓе загинаа, а 39 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз индустриски и цивилни цели во Нижнекамск, град во руската република Татарстан, објави градоначалникот Радмир Белјаев.

Рафинеријата за нафта таму, која е една од технолошки најнапредните во Русија, исто така беше погодена во нападот, објавија руските медиуми.






Станува збор за рафинеријата ТАНЕКО на руската компанија Татнефт, која беше погодена и на почетокот на јуни.

Во 2024 година рафинеријата преработи 17 милиони тони сурова нафта и произведе 2,7 милиони тони бензин и 8,5 милиони тони дизел гориво.

Лидерот на Татарстан, Рустам Миниханов, прогласи период на жалост по нападите, изјави градоначалникот Белјаев.

Украина ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта во последните месеци. Нападите предизвикаа недостиг на гориво во неколку делови од Русија, иако руските власти велат дека повеќето од првичните проблеми оттогаш се решени.

Поврзани содржини