ЗНАМ ЗАСЕГА НЕМА СТАВ ЗА ДВОЈНОТО ДРЖАВЈАНСТВО НА ПРАТЕНИЦИТЕ Мемов вели дека ќе го има кога ќе заврши јавната дебата
ЗНАМ, како што рече портпаролот на Движењето, има конзистентен став во однос на Изборниот законик.
Движење ЗНАМ – за наша Македонија својот став за прашањето на двојното државјанство на пратениците ќе го има откако ќе се одржи најавената јавна стручна дебата и кога ќе има конечен предлог-текст, изјави портпаролот на Движењето Никола Мемов.
-Најавено е дека ќе има стручна и научна дебата во јавноста по ова прашање и кога ќе се има конечен текст, ЗНАМ ќе се произнесе по ова прашање во јавноста -рече Мемов.
Мемов рече дека ЗНАМ има конзистентен став во однос на Изборниот законик.
-Официјален став на ЗНАМ е дека идниот собраниски состав треба да биде со 90 пратеници, да има една изборна единица, изборен праг помеѓу 2 и 3% и да се промени начинот на финансирање на политичките партии – рече Мемов.
Според него, доколку Уставот се отвора за регулирање на прашањето со двојното државјанство на функционерите тогаш ќе треба да се дискутира за изборниот модел и бројот на пратеници.