ЖЕНА НА 61 И МАЖ НА 71 ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА СТАНАА РОДИТЕЛИ Средовечниот пар доби здраво машко бебе

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен сопруг од Македонија за првпат станаа родители, по успешно спроведена ин витро постапка во болницата „Д-р Органџиски“ во Штип.

0

Жена на 61 година и нејзиниот сопруг кој има веќе 71 година за првпат се оствариле како родители во болницата „Д-р Органџиски“ во Штип.

Од болницата случајот го оценуваат како историски успех, со оглед на возраста на родителите, како и поради сложеноста на медицинската постапка што ѝ претходела на бременоста.






Имено, на ин витро постапката и успешната бременост ѝ претходела интервенција кај 61-годишната жена, односно, била извршена хистероскопска реконструкција на матката. Во постапката биле користени и донирани јајце-клетки.

По спроведената медицинска процедура и успешната бременост, двојката добила здраво машко дете, а од болницата информираат дека мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Претходно, највозрасната пациентка која забременила и родила здраво машко дете во истата болница, беше 60 годишна жена.

Поврзани содржини