🎥 НОВАК ЃОКОВИЌ ДАВА ИНТЕРВЈУ ВО КАДА СО МРАЗ Српскиот тенисер зборува за тоа како му давал совети на Јаник Синер додека седи во када со Марчело Хернандез

Новак Ѓоковиќ се шегува на своја сметка додека зборува за тоа како му давал совети на Јаник Синер, а целата слика е уште посмешна поради тоа што додека зборува седи во када со американскиот стендап комичар Марчело Хернандез.

45

– Па му кажав сè што забележав на теренот: неговите слабости, неговите силни страни, работите на кои треба да работи, а потоа, следните 3 години, ме победува на Вимблдон секоја година! Значи, можеби направив грешка, не знам! – вели српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој беше специјален гостин во емисијата „Студено како мраз“, чиј домаќин е познатиот американски комичар и актер Кевин Харт.






Епизодата во која Новак Ѓоковиќ седи во када беше снимена во рамки на „Фанатикс Фест“, еден од најголемите спортски фестивали во Соединетите Американски Држави, кој секоја година собира врвни спортисти, познати личности и илјадници љубители на спортот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

Организаторите уште пред настанот најавија дека Ѓоковиќ ќе биде гостин во „Студено како мраз“, емисија која со години е препознатлива по интервјуата што Кевин Харт ги води со спортисти додека заедно седат во ледена када.

 

Поврзани содржини