📽️ МАЃАР ПЛУКНАТ СРЕДЕ ПРЕНОС ВО ЖИВО Смиреноста и одговорот на премиерот ги изненади сите

Инцидентот се случил на железничката станица Њугати во Будимпешта, а снимката е објавена и на официјалниот Јутјуб-канал на Маѓар.

0

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска беше плукнат од минувач додека одеше кон прес-конференција посветена на планот за развој на железницата „Барош Габор“, јавуваат унгарските медиуми.

Според весникот „Непсава“, инцидентот се случил на железничката станица Њугати во Будимпешта, каде што Маѓар бил придружуван од министерот за сообраќај и инвестиции Давид Витези.






Сцената била пренесувана во живо. На снимката се слуша како едно лице му се обраќа на премиерот со неформален тон, по што јасно се слуша звукот на плукање.

Маѓар му одговорил мирно:

„Ви посакувам добро здравје“, а потоа додал: „Ги гледаме уште преостанатите лица на Фидес.“

Снимката од инцидентот подоцна беше објавена и на неговиот официјален Јутјуб-канал.

По настанот, Маѓар и министерот Витези иронично коментирале дека можеби токму тоа е причината поради која Јанош Лазар, поранешен министер од партијата Фидес и еден од најблиските соработници на Виктор Орбан, не патува со воз.

Подоцна, на прес-конференцијата, Маѓар изјави дека на ваквите свои сограѓани треба да им се даде поддршка.

– Да ги утешиме таквите наши сограѓани и да им дадеме сила – рече тој.

Тој додаде дека тие не се виновни што „во своите срца носат омраза“, оценувајќи дека за тоа е одговорна пропагандата која, според него, со години се финансирала со јавни пари и во која учествувал и Јанош Лазар.

Поврзани содржини