🎥 ЗГРАДАТА ИЗГОРЕ КАКО КИБРИТ, ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ Страотен пожар во Тирана се гасеше со хеликоптери
Меѓу повредените се и тројца пожарникари. Пожарот ја уништил целата фасада на новоизградената зграда. Густ црн чад можел да се види од сите делови на градот.
Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца пожарникари, беа повредени денеска, откако избувна пожар во станбена зграда во Тирана, во близина на болницата „Мајка Тереза“, јавија албански медиуми.
Засега не е познато како избувнал пожарот, кој брзо се проширил на целата зграда. Во операцијата за гаснење се вклучени и хеликоптери, кои летаат над областа и го гаснат пожарот од воздух.
Снимките покажуваат како граѓаните се евакуираат преку противпожарни скали низ прозорец. Неколку постари лица живееле во зградата.
Пожарот ја уништил целата фасада на новоизградената зграда. Густ црн чад можел да се види од сите делови на градот.
Video of a heavy fire erupting in apartment building in Tirana, Albania pic.twitter.com/H72IKMg4CH
— Skerdilajd Zaimi (@PublliusCS_a) April 14, 2026