📽️ ЗЕЛЕНСКИ ПОКАЖА КАКО СЕ КИНЕ КАПАЧЕ НА „БАЛКАНСКИ“ НАЧИН! „Требаше да го уапсат, во ЕУ важат други правила“

Едно обично шише вода му донесе повеќе внимание на Володимир Зеленски отколку целата свечена церемонија во Париз.

111

Додека седеше меѓу светските лидери на парадата во Париз, украинскиот претседател се обиде да отвори шише вода. Неколку секунди подоцна, капачката заврши откината, а видеото ги преплави социјалните мрежи.

Токму тој момент стана вирален. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде илјадници корисници коментираа дека се препознале во неговата реакција.

 






„Треба да го уапсат. Ја уништи најголемата европска иновација на 21 век“, се пошегува еден корисник.

„Не можам да ги поднесам овие капачиња. Секоја ја кинaм“, напиша друг.

Меѓу коментарите имаше и шеги поврзани со европските интеграции на Украина.

„Како што гледаме, Украина сè уште не е подготвена за Европската Унија“, гласеше една од најсподелуваните реакции.

Зеленски присуствуваше на традиционалната воена парада по повод Денот на Бастилја, заедно со сопругата Олена Зеленска и бројни европски лидери.

Прославата се одржа на Шанзелизе, каде француската армија ги претстави своите копнени, воздушни и поморски капацитети. Моментот со шишето траеше само неколку секунди. На интернет, сепак, траеше многу подолго.

Поврзани содржини