АМЕРИКАНЦИТЕ ГАЃААТ ОКОЛУ ИРАНСКАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА! Во последните напади 30 мртви, 260 повредени

„Американскиот непријател денеска нападна три објекти во Бушер“, изјави градоначалникот Мохамад Мозафари.

0

Пристанишниот град Бушер, каде се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран, денеска беше цел на нови американски напади, објавија иранските медиуми.

„Американскиот непријател денеска нападна три објекти во Бушер“, изјави градоначалникот Мохамад Мозафари.






Според иранските власти, во нападите нема загинати. Засега не се објавени детали за погодените објекти или за евентуалната материјална штета.

Во Бушер се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран, изградена по руска технологија.

Претходно иранските власти соопштија дека над 260 лица се повредени во последните американски напади врз Иран, изведени во текот на ноќта.

Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохаџерани, изјави дека во текот на „последните неколку дена“ биле убиени повеќе од 30 лица, без да даде дополнителни детали.

Новите, значително повисоки бројки, укажуваат дека интензитетот на воздушните напади е зголемен.

Американската војска рано утринава повторно воведе блокада на иранските пристаништа, како одговор на нападите од Техеран врз бродови што се обидувале да поминат низ Ормуската Теснина, што предизвика нов бран воени дејствија.

Тензиите меѓу двете страни се зголемија последните денови, со што дополнително се нарушуваат и онака кревките договори за прекин на огнот.

Поврзани содржини