📽️ ЗАСЕДА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО МОНТРЕАЛ, УБИЕН ПОЛИЦАЕЦ Напаѓачот напишал манифест од 100 страници?

Полицаец беше убиен, а напаѓачот ликвидиран во престрелка во Монтреал. Истражителите испитуваат манифест од повеќе од 100 страници кој, според медиумите, промовира инсел идеологија.

15

Родители ги грабнувале децата од игралиште и бегале по улиците додека одекнувале десетици истрели во мирна населба во Монтреал во Квебек во Канада. Во крвавиот напад загинал 34-годишен полицаец, а напаѓачот бил убиен во престрелката со безбедносните сили.

Канадските власти истражуваат дали нападот бил мотивиран од таканаречената инсел идеологија, откако бил пронајден документ од повеќе од 100 страници за кој се верува дека го напишал осомничениот.






Нападот се случил во населбата Кот де Неж, каде полицијата била повикана по пријава за вооружено лице кое покажувало пушка од прозорец на зграда.

Кога пристигнале на местото, полицајците се нашле под оган.

 

Полицијата го идентификуваше загинатиот службеник како Мохамед Ламин Бенредуан, кој бил дел од полициските сили од 2021 година.

– Ова е ужасно тажен ден. Ова е кошмар – изјави началникот на полицијата Фади Дагер.

Според истрагата, сè повеќе индиции упатуваат дека нападот можеби бил однапред подготвена заседа насочена кон полицијата.

Втор полицаец бил тешко повреден, но неговата состојба подоцна се стабилизирала. Повреден бил и еден цивил.

 

Истражителите посебно внимание посветуваат на манифестот пронајден по нападот. Според безбедносни извори цитирани од медиумите, документот содржи ставови поврзани со инсел идеологијата, термин што се користи за онлајн субкултура поврзана со омраза кон жените и со претходни насилни напади.

Случајот повторно ги отвори сеќавањата на неколку злосторства во Канада кои во минатото биле поврзани со истата идеологија, меѓу нив нападот со комбе во Торонто во 2018 година и убиството во салон за масажа во 2020 година.

Канадскиот премиер Марк Карни изрази сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за полицајците кои учествувале во акцијата.

Поврзани содржини