ДВЕ ДЕЦА ВО ФРАНЦИЈА УМРЕА ОД ГОРЕШТИНА ВО АВТОМОБИЛОТ НА МАЈКА ИМ Влегле во возилото кое било паркирано во гаражата

33-годишната мајка била дома во времето на трагедијата и наводно не била свесна дека децата завршиле во автомобилот.

0

Две деца, на возраст од 2 и 4 години, починаа откако беа пронајдени во несвест во автомобил паркиран во гаражата на семејна куќа, за време на големиот топлотен бран во Франција. Мајката наводно не знаела дека нејзините деца се во возилото.

Трагедијата се случи во градот Карпантра, во регионот Прованса, на југоистокот од Франција.






Полицијата, пожарникарите и службите за итни случаи беа повикани на местото во понеделникот околу 13:10 часот. Децата доживеале срцеви удари поради престојот во прегреаниот автомобил. И покрај обидите за реанимација, лекарите не можеле да ги спасат.

Според информациите што ги објавија француските медиуми, 33-годишната мајка била дома во времето на трагедијата и наводно не била свесна дека децата завршиле во автомобилот.

Извор близок до истрагата за францускиот весник „Ле Фигаро“ изјавил дека жената се вратила од шопинг со децата кратко пред тоа и се верува дека ги пуштила да излезат од возилото откако пристигнале дома.

Засега не е познато како децата се вратиле во автомобилот или дали биле заклучени во него.

Француските власти почнаа истрага за да ги утврди сите околности што довеле до оваа трагедија.

Обвинителката од Карпантра, Елен Мурж, изјави дека причината за смртта сè уште се истражува, но топлотниот бран засега е главната хипотеза на истражителите.

Истражителите го проверуваат точниот редослед на настаните, а обдукцијата и дополнителното вештачење треба да помогнат во утврдувањето на причината за трагичната смрт на децата.

Оваа трагедија се случи за време на интензивен топлотен бран што ја погоди Франција.

Експертите со години предупредуваат дека температурата во затворен автомобил може да достигне ниво кое е опасно по живот за многу кратко време.

За денеска в Франција е издадено црвено предупредување за екстремна топлина во 49 департмани, што влијае на вкупно 35 милиони Французи.

Поврзани содржини