ВРАБОТЕН ВО ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ НАПАДНАТ НА РАБОТА Тетовец фрлал предмети и заканувал на сите
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 10:30 часот, а случајот бил пријавен во 13:30 од страна на У.Д. (41) од Скопје, кој бил жртва на нападот. Пријавениот напаѓач е В.Д. од Тетово.
Жестока драма се одвивала утрово во просториите на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје, кога вработен бил физички нападнат од незадоволен граѓанин кој, според пријавата, потоа започнал да уништува инвентар и да фрла со тврди предмети кон останатите вработени.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 10:30 часот, а случајот бил пријавен во 13:30 од страна на У.Д. (41) од Скопје, кој бил жртва на нападот. Пријавениот напаѓач е В.Д. од Тетово.
Според информациите, В.Д. не само што го нападнал вработениот, туку во бес почнал да уништува дел од инвентарот во установата, а потоа упатувал и вербални закани кон другите присутни.
Случајот е пријавен во СВР Скопје, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. Засега не е познат мотивот за нападот, но според извори од установата, лицето наводно било незадоволно од одлука поврзана со социјални права.