📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ТУРИСТИТЕ СЕ СМЕАТ НА СЛИКИ, А ЖИВОТНИТЕ УМИРААТ ВО МАКИ Скандал со малтретирани камили и коњи на познато туристичко место

Снимките направени од организацијата ПЕТА го откриваат варварскиот однос на сопствениците на камили и коњи кон овие животни во близина на најпознатата знаменитост во Египет. Резултатите од нивната истрага беа откриени неколку дена откако беше објавено дека една жена од Холандија, која нападна маж кој го претепа неговото магаре во Египет, сега се соочува со обвинение.

2,177

Животните кои се користат за забава на туристите на египетските пирамиди во Гиза се злоупотребувани и оставени да умрат во купишта ѓубре покрај огромните гробници.

Снимките направени од организацијата ПЕТА го откриваат варварскиот однос на сопствениците на камили и коњи кон овие животни во близина на најпознатата знаменитост во Египет. Резултатите од нивната истрага беа откриени неколку дена откако беше објавено дека една жена од Холандија, која нападна маж кој го претепа неговото магаре во Египет, сега се соочува со обвинение.






Шокантно злоставување снимено на камера

Едно шокантно видео покажува напуштени, мумифицирани остатоци од коњ, а друго покажува неподвижно тело на друг на куп ѓубре, со муви кои го опкружуваат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

На тајно снимената снимка се гледа како тур-операторот безмилосно го камшикува мачениот коњ додека лежел во нечистотијата. Исплашеното животно се обидело да стане, но било премногу уморно за да се движи, а сопственикот потоа едноставно го оставил на куп ѓубре.

Се чини дека животните исто така се слабо нахранети – снимката покажува како изгладнет коњ копа низ ѓубрето во обид да најде храна. Изгледа и дека ретко добиваат вода, пишува Дејли Мејл.

 

„Рутинско тепање, камшикување, гладување“

ПЕТА тврди дека „ништо не се променило“ во годините откако почнала да го документира третманот на животните околу најпопуларните туристички дестинации во Египет. Џејсон Бејкер, потпретседател на организацијата за Азија, рече дека „ПЕТА го документирала рутинското удирање со тупаници, клоци, камшикување и гладување на коњи и камили на пирамидите“.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

– Животните буквално се јаваат до смрт и потоа се фрлаат како ѓубре надвор од портата. Пирамидите во Гиза треба да ја симболизираат убавината и историјата на Египет, а не неконтролираното злоставување на животните. Египетската влада мора да дејствува и да ги отстрани овие животни од Гиза. Во меѓувреме, туристите мора да „гласаат“ со своите паричници и по секоја цена да ги избегнуваат овие животински атракции – рече тој.

 

Жена го нападна сопственикот кој го камшикувал магарето

Претходно оваа недела се појави видео од холандскиот имигрант Џок Ван дер Пост како го удира сопственикот на животно, а потоа го брка со камшик додека тој се обидува да избега. Шокантно видео – кое стана вирално – покажува како магаре врзано за ѕид клоца во агонија додека маж немилосрдно го камшикува на периферијата на Каиро. Згрозена од ова малтретирање, 47-годишната Џок се стрчала кон мажот, го закачила за ѕид и го удрила неколку пати.

– Мислиш дека си сосема нормален – му викна таа.

Додека човекот се обидел да избега, Џок – која води ветеринарна ординација наречена „Засолниште за добра карма“ – зела камшик од друг чувар на магаре и го бркала. Тој поднел пријава во полиција, обвинувајќи ја Џок за нападот и тврдејќи дека снимката од инцидентот му нанела „психолошка штета“, според локалните медиуми.

Џок била уапсена, а подоцна ослободена. Шокантната снимка оттогаш предизвика бројни реакции и го привлече вниманието на лошиот однос кон животните на популарните туристички дестинации во Египет. Џок, која е мажена со Египќанец и со години живее во Каиро, вели дека злоупотребата на животните е честа појава во областа.

– Секако дека скокнав меѓу нив – рече таа подоцна за инцидентот со човекот и магарето.

– Кога му викнав да престане, тој ме нарече кучка, се насмеа и потоа ме удри уште посилно – рекла Џок.

Египетското МВР потврди дека и човекот од видеото е идентификуван и уапсен. Џок верува дека сепак може да добие тужба.

– Можно е да добијам шест месеци или една година затвор, па дури и да бидам депортирана. Но, ако тоа значи дека тука конечно нешто ќе се смени, вредеше – рече таа.

Поврзани содржини