🎥 ВОЗНЕМИРУВАЧКО Гром усмрти фудбалер среде натпревар во Тајланд

0

Дваесет и четиригодишниот фудбалер на ФК Јала, Сафван Авае, почина откако беше погоден од гром за време на натпревар од регионалниот куп во Тајланд, во вторникот.

Трагичниот инцидент се случи на стадионот Сантифап во округот Су-нгаи Колок, покраината Наративат. Одеднаш гром го погоди теренот, неколку играчи паднаа на земја.






Повеќе од девет лица беа повредени и итно префрлени во блиската болница Сунгаи Колок на лекување, а Сафван Авае претрпе најтешки повреди. И покрај напорите на лекарите, младиот фудбалер не преживеа, објави тајландскиот PBS World.

ФК Јала објави трогателна порака во која изразува најдлабоко сочувство до семејството на Авае, додека Фудбалската асоцијација на Тајланд (FAT) издаде соопштение за трагедијата.

Авае неодамна потпиша договор со Јала ФК. Тој постигна седум гола на 18 натпревари минатата сезона и му помогна на својот поранешен клуб, Патани ФК, да се пласира во Тајландската лига 2 за сезоната 2025/26.

Поврзани содржини