Војската во Израел да ја преземе одговорноста за контрола на пандемијата

309

Израелскиот министер за надворешни работи Габи Аскенази изјави дека војската треба да ја преземе одговорноста за ставање под контрола на пандемијата, што веројатно ќе ги продлабочи тензиите внатре во владата, пренесуваат британските медиуми.

Делумните карантински мерки во Израел беа укинати во мај, по што дојде до влошување на епидемиолошката состојба. Бројот на заразени со коронавирус во моментов во земјата надминува 50.000, додека бројот на умрени од ковид-19 е над 400.






Шефот на дипломатијата додаде дека одлуката за предавање на контролата врз пандемијата од Министерството за здравство на војската се очекува оваа недела.

Никој од канцеларијата на премиерот не беше достапен за коментар на изјавата на Ашкенази.

Можно е, меѓутоа, Нетанјаху да покаже колебливост за предавање на управувањето со пандемијата на министерот за одбрана Бени Ганц, во момент кога двајцата израелски лидери не се согласуваат околу предложената анексија на окупираните делови на Западниот Брег и за буџетот.

Поврзани содржини