РЕАЛ МАДРИД БАРА НОВ ТРЕНЕР Клоп, Зидан и уште две големи имиња во игра
Мадридскиот клуб разгледува четири звучни имиња по елиминацијата од Лигата на шампионите.
Раководството на Реал Мадрид започна потрага по нов главен тренер кој треба да го замени Алваро Арбелоа, а клубот веќе разгледува неколку звучни имиња за клупата на „кралевите“.
Според информациите на „The Athletic“, мадридскиот гигант има четворица кандидати. Меѓу нив е и Јирген Клоп, кој е високо ценет од раководството, но засега нема официјален контакт меѓу двете страни.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез, го смета за сериозна опција и Зинедин Зидан, но се очекува Французинот да ја преземе клупата на Француска фудбалска репрезентација.
Во комбинација се и Дидие Дешан, кој треба да ја напушти француската селекција по Светското првенство 2026, како и Маурисио Покетино, актуелен селектор на Фудбалска репрезентација на САД.
Потрагата по нов тренер доаѓа по синоќешниот пораз на Реал Мадрид од Баерн Минхен со 4:3 во реваншот од четвртфиналето на Лига на шампиони, резултат со кој „кралевите“ беа елиминирани од натпреварувањето.