МАЛ ИНТЕРЕС ЗА МЕГАН МАРКЛ Организаторите се обидуваат во последен момент да го спасат скапиот настан
Иако беше најавен како ексклузивен настан што ќе привлече голем интерес, тридневното дружење со Меган Маркл во Сиднеј се соочи со неочекувано слаб одзив.
Луксузното дружење на Меган Маркл во Австралија не успеа да го привлече очекуваниот интерес на публиката, а слабиот одзив дополнително го обележале високите цени и низа контроверзи.
Иако беше најавен како ексклузивен настан што ќе привлече голем интерес, тридневното дружење со Меган Маркл во Сиднеј се соочи со неочекувано слаб одзив. Според Дејли Меил, билетите не се распродадени ниту еден месец откако беа пуштени во продажба.
Станува збор за настанот „Her Best Life“, каде што сопругата на принцот Хари учествува во разговор покрај каминот, а цената на учеството достигнува до 1.700 фунти за ВИП искуство.
И покрај ограничувањето од 300 гости и тврдењата на организаторите дека билетите биле распродадени во март, дополнителни соби биле пуштени во продажба во април, а неколку дена пред почетокот е објавена последната достапност. Настанот вклучува низа луксузни содржини како што се јога, панели со инспиративни говорници, заеднички вечери и забава, но високата цена и контроверзиите што го придружуваат се чини дека влијаат на интересот на публиката.
Имено, собирот се одржува како дел од четиридневната турнеја на принцот Хари и Меган низ Австралија, која некои во јавноста ја критикуваат како самопромоција и обид за заработка. Дополнителни контроверзии предизвикаа и финансиските тешкотии на една од организаторките, како и безбедносните проблеми откако поединци на интернет најавија обид за инфилтрација и тајно снимање на интервјуто на Меган.
Покрај тоа, во јавноста се појави информација дека на една од организаторките наводно ѝ е забрането да се појави на сцената за да не ја засени војвотката, што дополнително ги разгоре дискусиите за целиот настан.
Иако се очекуваше настанот да донесе значителни приходи, слабиот одзив и низата контроверзии фрлија сенка врз настанот што требаше да биде најважниот дел од нивниот престој во Австралија.