БРИСЕЛ ИМА 2 УСЛОВИ ЗА БЕЛГРАД, TВРДИ ЛАВРОВ „Идејата е Србија да биде тампон-зона“

Шефот на руската дипломатија тврди дека европскиот пат на Србија е условен со два чекори. Првиот, вели, е признавање на Косово, што го оцени како „антисрпски пристап“. Вториот услов е целосно почитување на санкциите кон Русија.

977

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Брисел се обидува да ја претвори Србија во „тампон-зона“ против Москва.

– Претседателот Вучиќ постојано повторува дека нема да се приклучи на ЕУ под антируски услови – рече Лавров.

Лавров тврди дека европскиот пат на Србија е условен со два чекори. Првиот е признавање на Косово, што го оцени како „антисрпски пристап“.

Вториот е целосно почитување на санкциите кон Русија.

– Тоа е сè – нагласи тој.

Симпатии кон Истокот

Рускиот министер оцени дека српскиот народ има силни историски врски со Русија и Кина. Според него, ваквите притисоци од ЕУ се спротивни на расположението во Србија.

Москва, како што рече, го почитува изборот на српските граѓани.

Еден појас, еден пат

Лавров порача дека Русија се залага за „обединувачка инфраструктура“ на Балканот. Го пофали и кинескиот проект „Еден појас, еден пат“, оценувајќи го како корисен за регионот.

Тој додаде дека Москва и Пекинг стојат зад Србија.

„Вучиќ го разбира народот“

Лавров го опиша претседателот на Србија како искусен политичар. Нагласи дека тој добро го разбира расположението на народот.

Ова, според него, е клучно за идните одлуки на Белград.

Поврзани содржини