САД ЈА ПОТВРДИЈА ЗАГУБАТА НА ДРОНОТ ВРЕДЕН 250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Локацијата и причината за падот не се откриваат
Дронот MQ-4C Triton може да лета повеќе од 24 часа на надморска височина до 15 километри.
Командата за поморска безбедност на САД ја потврди загубата на беспилотно летало за надзор MQ-4C Triton на 9 април, класифицирајќи го како несреќа од класа „А“, што значи штета што надминува 2 милиони долари.
Локацијата на падот не е откриена од оперативни безбедносни причини. Дронот последен пат леташе во меѓународен воздушен простор кон Иран. Нема докази дека паднал на иранска територија.
Ова летално чини од 230 до 250 милиони долари.
Леталото извршуваше мисија за надзор над Персискиот Залив во близина на Ормускиот Теснец од голема надморска височина, кога неочекувано исчезна од веб-страниците за следење на летовите. Беше лансирано од поморската воздухопловна база Сигонела во Италија.
Дронот може да лета повеќе од 24 часа на надморска височина до 15 километри.
Морнарицата не ја објави причината за исчезнувањето, ниту детали за неговите остатоци.
Загубата се случи во време на американско-израелските напади врз Иран, во кои САД се соочија со повеќе оперативни проблеми со авионите, вклучувајќи борбени ловци, авиотанкери и беспилотни летала.