АМЕРИКАНСКИ РАЗОРУВАЧ ПРЕСРЕТНА ИРАНСКИ ТОВАРЕН БРОД И ГО ПРИНУДИ ДА СЕ ВРАТИ Досега се сопрени 10 бродови од Иран

Откако американската блокада започна во понеделникот, ниту еден брод не успеа да ја пробие, соопшти Централната команда на САД.

33

Американски разорувач вчера пресретна ирански товарен брод додека се обидуваше да ја пробие поморската блокада на САД врз Иран, соопшти Централната команда на САД.

„Бродот под иранско знаме исплови од пристаништето Бандар Абас, помина низ Ормускиот Теснец и продолжи да плови по брегот на Иран, но разорувачот USS Spruance  успешно го пренасочи и го принуди да се врати назад“, објави Централната команда.

Со ова, бројот на запрени и вратени бродови во Иран се искачи на 10.

„Откако американската блокада започна во понеделникот, ниту еден брод не успеа да ја пробие“, додадоа коомандата во објавата на Икс.

Поврзани содржини