ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРА ДОГОВОРОТ ЗА ВОЕНА СОРАБОТКА СО ИЗРАЕЛ Мелони се повика на „моменталната ситуација“

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи изјави дека „ова суспендирање нема да ѝ наштети на безбедноста на Израел“.

170

Италија нема да го обнови својот одбранбен договор со Израел, изјави денеска во Верона италијанската премиерка Џорџа Мелони.

– Во светлината на моменталната ситуација, владата одлучи да го суспендира автоматското обновување на одбранбениот договор со Израел – изјави Џорџа Мелони.






Меморандумот, кој воспоставува рамка за одбранбена соработка во врска со размена на воена опрема и технолошки истражувања во рамките на вооружените сили, претходно предвидуваше обновување на секои пет години и стапи на сила на 13 април 2016 година, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Писмото во врска со одлуката за суспендирање на меморандумот, испратено до израелската влада, е резултат на заедничка одлука на премиерот, вицепремиерите Антонио Тајани и Матео Салвини и министерот за одбрана Гвидо Кроче, и е адресирано до израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

– Немаме безбедносен договор со Италија. Имаме меморандум за разбирање од пред многу години кој никогаш немал конкретна содржина – изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека ова суспендирање „нема да ѝ наштети на безбедноста на Израел“.

Поврзани содржини