ВО ГЕРМАНИЈА НЕВРАБОТЕНОСТА ДОСТИГНА 6,4% ВО ЈУЛИ Без работа се повеќе од 3 милиони луѓе

Регистрирани 3.007.000 невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани. 

0

Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица – соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг.

Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“.






Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 процентни поени и сега изнесува 6,4 проценти.

Членот на Управниот одбор на Федералната агенција за вработување, Даниел Терценбах, изјави дека растот на невработеноста во јули главно е последица на сезонски фактори, но и дека слабите движења на пазарот на трудот продолжуваат веќе неколку месеци.

Во Германија бројот на невработени традиционално расте во јули поради почетокот на летниот период. Голем број млади, по завршувањето на школувањето или стручната обука, привремено остануваат без работа, на дел од вработените им истекуваат договорите на крајот од кварталот, а работодавачите често го одложуваат новото вработување до завршувањето на годишните одмори.

Границата од три милиони невработени последен пат беше надмината во април, кога во Германија беа регистрирани околу 3,008 милиони лица без работа.

Поврзани содржини