ВО 2019 ГОДИНА ОСМАНИ И ГРУБИ БАРАА ДА СЕ ПРЕИСПИТА НАЗНАЧУВАЊЕТО НА МУСЛИУ „ДУИ не плаче за Албанците, туку за привилегиите“, реагира Вреди
Денес леат крокодилски солзи, а во 2019 година Османи и Груби побараа да се преиспита одлуката за назначувањето на Еролд Муслиy, реагира коалицијата Вреди.
„Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, нула Албанци застапени во армиската единица ‘Волци’. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зашто реагирал за селективниот конкурс во ‘Волците’. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциите, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите“, се наведува во реакцијата на Вреди.
Од Коалицијата велат дека имаат заменик директор во Агенцијата за национална безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенцијата за разузнавање. После оваа реформа предлогот на Вреди за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.
„Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година вие ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте вие (ДУИ)? Никоја! Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати Вреди!“, нагласуваат од Коалицијата Вреди.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера донесе одлука со која се разрешува досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу кој на оваа позиција е втор мандат. На негово место е назначена Габриела Јаковлева, која доаѓа од редовите на Агенцијата.