ДА СЕ ИСТРАЖИ КАДЕ ОТИШЛЕ ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ЗАЈАС Партијата Вреди бара одговорност од претходната власт на ДУИ и Али Ахмети
Кој ќарил? Кој ги внел компаниите во проектот? Кој молчел? И дали истрагата ќе стигне до секоја алка во овој синџир? Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината – пишува Вреди во соопштение.
Има една иронија што не може да се сокрие. Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше. Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто – пишува партиајта Вреди во соопштение
„Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе ја руши маската на ДУИ. На Албанците им продаваа „каузи”, а зад затворени врати се договарале шеми, се вклучувале домашни компании и се вртеа милиони евра од европските фондови. Жителите чекаа канализација, а некој друг си ги чекал исплатите.
Колку повеќе се одмотува клопчето, толку повеќе се отвораат прашањата. Кој ќарил? Кој ги внел компаниите во проектот? Кој молчел? И дали истрагата ќе стигне до секоја алка во овој синџир?
Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите, кој профитирал од проектот и зошто Зајас цели 24 години остана со септички јами наместо со канализациски систем. Зајас повеќе нема да биде заложник на ветувањата на ДУИ. Она што тие го оставија заглавено во кал 24 години, сега конечно се става на вистинскиот пат.
Вреди нема да дозволи ова прашање да се затрупа со прашина. Бараме истрагата да оди до крај. Да се отвори секој договор, секоја исплата, секоја компанија и секоја можна политичка, бизнис или семејна поврзаност. ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи. Сега е време да понесе одговорност“ – се вели во соопштението на партијата Вреди.