ВНИМАТЕЛНО НА ПАТОТ ЗА ДЕБАР Одрон затрупа една лента од коловозот
Од СВР Тетово потврдија дека имаат информација за одронот кој настанал на три килиометри оддалечност од мавровската брана во правец кон Дебар.
Заради одрон од камења и земја на магистралниот патен правец Маврови Анови – Дебар во близина на селото Трница, има отежаното движење на возила. Заради опасноста од нови одрони, сообраќајот на овој дел ќе биде запрен и заради безбедносни причини.
Од СВР Тетово потврдија дека имаат информација за одронот кој настанал на три килиометри оддалечност од мавровската брана во правец кон Дебар.
Првата количина на земја и камења затрупала една лента во должина од околу триесетина метри, но постои опасност од нови одрони. Од овие причини засега патниот правец во овој дел на магистралата е во прекин.