ВМРО-ДПМНЕ: Филипче шест дена знаел за директорката на Кожно и ништо не преземал!

Според партијата, на 2 март доктор од клиника се јавил во кол-центарот на министерството за здравство, за да го пријави нејзиното доаѓање од кризно подрачје и да побара реакција од институцијата.

4,147

Министерот за здравство Венко Филипче шест дена знаел дека директорката на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска, била присутна на работа по враќањето од одморот во Италија, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, на 2 март доктор од клиника се јавил во кол-центарот на министерството за здравство, за да го пријави нејзиното доаѓање од кризно подрачје и да побара реакција од институцијата.






„Филипче со прикривање на информации и ненавремено реагирање довел до опасност на неконтролирано ширење на вирусот“, заклулчува партискиот портпарол Наум Стоилковски и тврди дека докторите од Кожната клиника директно го известиле министерот за сомнежот дека директорката може да биде носител на опасниот вирус.

Клиниката за кожни болести во понеделникот на 9 март примала дневни пациенти, додека директорката веќе била на испитување и потоа пренесена на Клиниката за инфективни болести, тврди ВМРО-ДПМНЕ и за тоа го обвинува министерот за здравство.

Поврзани содржини