📽️ ВЛАДАТА ИСПОЛНЕТА СО ДЕТСКИ НАСМЕВКИ, ДОЈДЕ ДЕДО МРАЗ Новогодишна забава и пакетчиња за децата на вработените
Денес во Владата беа многу драгоцени посетители. Насмевките на најмладите се најголемиот подарок што можеме да го добиеме – да ги чуваме нивните соништа и да создаваме подобра иднина за сите, напиша премиерот Мицкоски.
Детска претстава, доаѓање на Дедо Мраз и подароците денеска за најмалите беше организирано во Владата.
„Денес во Владата беа многу драгоцени посетители. Насмевките на најмладите се најголемиот подарок што можеме да го добиеме – да ги чуваме нивните соништа и да создаваме подобра иднина за сите! Си ги честитавме претстојните празници на настанот на кој поделивме новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Владата, напиша во објавата на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.