ВЕЕЛ ПАЛЕСТИНСКО ЗНАМЕ НА НАТПРЕВАР, ДОБИ 550 ЕВРА КАЗНА Активист на Левица приведен па пуштен од полицијата

Од МВР информираа дека Куцуловски е приведен за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

0

Претседателот на младинско движење на Левица Андреј Куцуловски вчера попладне бил приведен откако за време на ракометен натпревар на кадетите меѓу Македонија и Израел, кој се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, го истакнал палестинското знаме, информира Левица во објава на социјалните мрежи.

Од МВР информираа дека Куцуловски е приведен за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

Левица денеска информираше дека Куцуловски е пуштен од полициска станица, со изречена казна од 550 евра за „поттикнување насилство и омраза“.

Од Левица тврдат дека при интервенцијата во спортската сала полицијата употребила сила и најавуваат дека ќе ги искористат сите правни и институционални механизми за расчистување на случајот.

„Државата казнува солидарност, а премолчува насилство! Ако нешто јасно се виде од овој случај, тоа е бруталноста со која системот се однесува кон оние што не се покоруваат“, пишува опозициската партија во објавата.

Поврзани содржини