УШТЕ ЕДНО СМРТОНОСНО ПУКАЊЕ ВО ТУРСКО УЧИЛИШТЕ Петмина мртви, меѓу кои и ученикот што отворил оган

Напаѓачот - ученик во осмо одделение, го зел оружјето од неговиот татко, кој е пензиониран полицаец, јавија турски медиуми. 

200

Четири лица загинаа откако ученик во осмо одделение отвори оган во училиште во турската покраината Кахраманмараш. Помеѓу загинатите се еден наставник и тројца ученици, како и самиот напаѓач.

Според гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукарем Унлуер загинал и ученикот напаѓач, но без да наведе детали.

Тој пристигнал на училиште со пет парчиња оружје, а мотивот за нападот сè уште не е познат.

Напаѓачот го зел оружјето од неговиот татко, кој е пензиониран полицаец, јавија турски медиуми.

Инцидентот се случува еден ден по пукање во средно училиште во југоисточниот град Шанлиурфа, недалеку од Кахраманмараш, при што беа повредени 16 лица, од кои 10 ученици.

Поврзани содржини