ЉУПЧО КОЦЕВСКИ, ДОСТА БЕШЕ Петрушевски му порача на обвинителот дека слугувал на погрешен газда

ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за Љупчо Коцевски со месеци, тргајќи од премисата дека можеби бил под притисок на СДСМ и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега, неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски отсекогаш бил слуга на СДСМ, вели пратеникот Бране Петрушевски.

546

Државниот обвинител Љупчо Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДСМ и затоа треба да биде сменет, порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за Љупчо Коцевски со месеци, тргајќи од премисата дека можеби бил под притисок на СДСМ и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега, неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски отсекогаш бил слуга на СДСМ – вели Петрушевски.






Со месеци Љупчо Коцевски не работи ништо, доддава тој, нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во Обвинителството.

– Народот со право е разочаран од правосудството, кога на чело на ЈО седеше Коцевски кој со месеци нема отворено еден предмет, а на скалите за мерење на корупција рушиме рекорди. Не може цел свет да гледа корупција и проблем во правосудството, само Љупчо Коцевски, кој треба да се бори против истата, никако да не ја види. На народот му е преку глава од изговори. Љупчо Коцевски, доста беше. Одговорност има – рече Петрушевски.

 

Поврзани содржини