🎥 КОСТАДИНОВ НАЈАВИ „БОРБА ДО СМРТ“ Струмичкиот градоначалник се маскираше во бестрашен викинг
Оваа денешна моја маска претставува викинг, а знаете дека викинзите се симбол на честа, борбеноста и на храброста. Викинзите немаат страв. Мојата порака со оваа маска е дека откажување има само со смрт, порача градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Струмичкиот карневал секоја година носи уникатни маски, но годинава посебно внимание привлече ликот на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
Тој се појави облечен како викинг, со рогови на главата, си црна боја на лицето и со порака за „бестрашност, нема откажување и борба до смрт“.
– Оваа денешна моја маска претставува викинг, а знаете дека викинзите се симбол на честа, борбеноста и на храброста. Викинзите немаат страв. Мојата порака со оваа маска е дека откажување има само со смрт. Нека ни е вечен и долговечен Струмичкиот карневал – изјави Костадинов.