ЈУЛИ И АВГУСТ ЌЕ БИДАТ ЕКСТРЕМНО ТОПЛИ Африкански бранови ќе донесат температури и до 40 степени

Секако и покрај ова ќе имаме повремени освежувања на времето, формирање на конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, силни грмежи и засилен ветер, вели познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски.

7

Претстојното лето ќе биде значително потопло во Македонија. За околу 2 степени ќе биде потопло од повеќе годишниот просек.

Ќе бидеме сведоци на чести и екстремно топли бранови од Африка кои ќе условуваат да имаме екстремно високи температури на воздухот кои во најголем дел ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието, Скопската котлина и во југоисточните предели почесто температурите ќе надминуваат и 40 степени, особено во јули и во август 2026.






Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

 

 

Поврзани содржини