УКРАДЕНИ СЕ 3 БРОНЗЕНИ БИСТИ ОД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА „БУТЕЛ“ Отстранети се од гробните места со специјален алат

Tројца скопјани, 47-годишниот С.А.М., 68-годишниот С.Ш. и 69-годишниот М.Г., пријавиле дека со употреба на физичка сила и подесен алат се одземени 3 бронзени бисти, поставени на гробни места.

952

Три бронзени бисти биле украдени од Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, на 14 април 2025 година, во СВР Скопје случајот бил пријавен од тројца скопјани, 47-годишниот С.А.М., 68-годишниот С.Ш. и 69-годишниот М.Г., кои пријавиле дека со употреба на физичка сила и подесен алат се одземени 3 бронзени бисти, поставени на гробни места.






Одделот за криминалистички истраги работи на расветлување на настанот, а од МВР додаваат дека се преземаат соодветни мерки за пронаоѓање на сторителот и за утврдување на сите околности, поврзани со кражбата.

Ова е уште еден случај на вандализам и кражба на културно и материјално значајни објекти на јавни простори, кои се честа мета поради вредноста на материјалите од кои се изработени.

НАСИЛНО Е УКРАДЕНА СПОМЕН-ПЛОЧА ОД ЖЕНА ПАРК Била откорната од Споменикот на култура посветен на Егејците

Поврзани содржини