УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ПОСКАПЕЛЕ ЗА 5,8% Цените на ноќевањата пораснале за 22,2%
Цените на угостителските услуги во јануари 2025, пак, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 0,2 %
Угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024 година, се поскапени за 5,8%, соопшти Државниот завод за статистика.
Во истиот споредбен период најмногу поскапеле ноќевањата 22,1%, безалкохолните пијалаци за 4,5%, алкохолните пијалаци за 2,7%, а храната поскапела за 1,7%.
Цените на угостителските услуги во јануари 2025, пак, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 0,2%.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,3%, безалкохолни пијалаци за 0,1% и ноќевања за 0,3%.