УБОД СО НОЖ ПРЕД ПРОДАВНИЦА ВО САРАЈ Малолетници се степале, па се бркале, па потекла крв
По претходна расправија и физичка пресметка меѓу малолетници во Сарај, 16-годишник нападнал 14-годишно момче со остар предмет и му нанел тешка телесна повреда.
Расправија меѓу малолетници во Сарај завршила со нож и тешка телесна повреда. Полицијата приведе 16-годишник, а против него ќе биде поднесена кривична пријава. Според СВР Скопје, инцидентот почнал пред угостителски објект, каде дошло до физичка пресметка меѓу малолетници.
Кратко потоа, пред продажен објект, 16-годишникот повторно се сретнал со 14-годишното момче, се вели во соопштението. Со нож му нанел тешка телесна повреда. Повредениот возвратил со тврд предмет и го повредил напаѓачот.
Полициски службеници го лишиле од слобода 16-годишникот во текот на ноќта, кон 01:35 часот. Во полициска станица со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат.
По целосно расчистување на случајот ќе следува кривична пријава.