СКОПЈАНИ ГИ НАПОЛНИЛЕ РАЦЕТЕ СО РОБА, ДАЛЕ ГАС, НО… Велешанка ги забележала, полицијата ги стигнала

Вработена во продажен објект во Велес забележала две лица како излегуваат со поголема количина роба. Набргу потоа полицијата запрела автомобил со скопски таблички и ги пронашла одземените предмети.

0

Тројца скопјани завршија во полициска станица откако биле фатени со украдена стока од продажен објект во Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи. Робата била пронајдена во автомобилот со кој се обиделе да заминат и му била вратена на сопственикот.

Случајот почнал кога 39-годишна вработена забележала две машки лица како излегуваат од објектот со поголема количина роба. Кога тргнала по нив, тие почнале да бегаат. Влегле во автомобил „голф“ со скопски регистарски таблички и го напуштиле местото.






По пријавата, полициски службеници од СВР Велес брзо го лоцирале возилото.

Во автомобилот биле С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје. При прегледот, полицијата ја пронашла одземената стока.

За случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини