MAКСТИЛ СО 20 ПАТИ ПОНИСКИ ЕМИСИИ И ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА Компанијата редовно ги следи и објавува мерењата на цврсти честички

Со вредности под 1 mg/Nm³, најновите резултати покажуваат дека емисиите се на исклучително ниско ниво во споредба со дозволените гранични вредности, велат од Макстил објавувајќи табели од најновите мерења. При оценувањето биле земени предвид и релевантните европски гранични вредности за емисии.

0

Koмпанијата Макстил соопшти дека продолжува со редовно следење и транспарентно објавување на податоците за емисиите на цврсти честички од своите емисиони точки.

„Со вредности под 1 mg/Nm³, најновите резултати покажуваат дека емисиите се на исклучително ниско ниво во споредба со дозволените гранични вредности“, велат од Макстил објавувајќи табели од најновите мерења.






Во текот април, мај и јуни 2026 година, мерењата на емисионата точка Оџак од филтер постројка се движат од 0,25 mg/Nm³ во април до 0,87 mg/Nm³ во јуни, што е далеку под максимално дозволената граница од 20 mg/Nm³.

Табелите покажуват и дека кај емисионата точка Оџак од пескара, каде што пропишаната гранична вредност е 30 mg/Nm³, измерените вредности во периодот април–јуни се движат од 0,8 mg/Nm³ во месец април до 1,02 mg/Nm³ во јуни.

Фото: Принтскрин

„Податоците од вториот квартал ја потврдуваат континуираната ефикасност на системите за контрола на емисиите во Макстил. Измерените резултати јасно покажуваат дека емисиите на цврсти честички се стабилни, контролирани и во целосна усогласеност со важечкит еколошки стандарди и утврдените методологии за следење и контрола на емисиите, согласно барањата на Министерството за животна средина и просторно планирање и условите предвидени во А-интегрираната еколошка дозвола“, се вели понатаму во соопштението.

Макстил порачува дека при оценувањето се земени предвид и релевантните европски гранични вредности за емисии.

„Ваквиот начин на мерење и обработка на податоците обезбедува сигурни и веродостојни резултати, како и прецизен увид во состојбата со емисиите на цврсти честички од двете емисиони точки и нивната усогласеност со дозволените нивоа“.

Компанијата вели дека редовното следење на емисиите е дел од поширокиот пристап на компанијата кон одговорно работење. Макстил соопшти дека останува фокусиран на примена на современи практики, континуирана контрола и мерки што придонесуваат за намалување на влијанието врз животната средина.

„Компанијата и понатаму ќе продолжи со транспарентно информирање на јавноста и со активности насочени кон заштита на животната средина, како важен дел од својата долгорочна определба за одржливо работење“, се заклучува во текстот.

Поврзани содржини