ТУРЦИЈА ЗАРАБОТИ 51 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД ТУРИЗАМ Земјата ја посетиле 49 милиони туристи

Три најголеми пазари биле Русија, со 5,7 милиони гости, Германија, со 5,17 милиони и Обединетото Кралство, со 3,2 милиони, се наведува во соопштението.

33

Приходите од турскиот туризам за 9 месеци од годинава достигнаа 51,3 милијарди долари, што, како што изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, е највисокиот износ досега забележан за тој период од годината.

Според Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA), приходите се зголемиле за 2,4% споредено со истиот период лани, а само во третиот квартал, од јули до септември, приходите се зголемиле за 5% и достигнале рекордни 25,5 милијарди долари.






Турција годинава ја посетиле 49,1 милиони туристи, а трите најголеми пазари  биле Русија, со 5,7 милиони гости, Германија, со 5,17 милиони и Обединетото Кралство, со 3,2 милиони, се наведува во соопштението.

Патувањата, забавата, спортот и културните активности биле главните причини за посета на Турција, наведени од 74,5% од посетителите; по нив следуваат посетите на роднини и пријатели (16,9%) и шопингот (3,7%).

Поврзани содржини