ТРЕТ НОСАЧ НА АВИОНИ Е РАСПОРЕДЕН НА БЛИСКИОТ ИСТОК „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна во регионот
Не е јасно дали „УСС Теодор Рузвелт“ ќе замени еден од носачите што веќе се наоѓаат на Блискиот Исток или претставува дополнително распоредување.
Трет американски носач на авиони e распореден на Блискиот Исток.
„УСС Теодор Рузвелт“ пристигна во регионот и им се приклучи на „УСС Џорџ Х. В. Буш“ и „УСС Џорџ Вашингтон“, објави Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски функционер.
Телевизијата Ал Џезира, исто така, повикувајќи се на американски функционер, извести дека бродот пристигнал во регионот.
Централната команда на САД, која е надлежна за Блискиот Исток, не ги коментираше овие извештаи.
Не е јасно дали „УСС Теодор Рузвелт“ ќе замени еден од носачите што веќе се наоѓаат на Блискиот Исток или претставува дополнително распоредување. Доколку останат сите три носачи, тоа би го подигнало американското присуство на Блискиот Исток на највисоко ниво од април.
Израел и САД почнаа војна против Иран кон крајот на февруари.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека не сака да се врати на големи борбени операции. Сепак, конфликтот останува нерешен, а преговорите се во ќорсокак со месеци.
Претходно вчера Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека повторно нападнал американска воена база во заливската држава Бахреин. Од ИРГЦ наведоа дека радарскиот систем во хеликоптерската база Ал-Рифа, јужно од главниот град Манама, е погоден со шест дронови. Министерството за одбрана на Бахреин, пак, соопшти дека успешно одбило ирански напад со дронови.