ТРЕБА ОДЛУЧНА АКЦИЈА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА Министерот за правда го осуди палењето на куќата на Пандов

Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители - вели Филков порачувајќи дека правда мора да има и ќе има, соопшти министерот за правда Игор Филков.

136

Министерот за правда Игор Филков соопшти дека најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

– Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители – вели Филков порачувајќи дека правда мора да има и ќе има.

Поврзани содржини