ТРАМП СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО БОМБАРДИРА ОМАН ДО ТЕМЕЛ Не дозволува Оман и Иран да се договорат за Ормускиот Теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека постои таен канал за мировни преговори со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе го бомбардира Оман доколку земјата „на кој било начин“ се придружи на договорот за Ормускиот Теснец.
Оман и Иран со недели преговараат, без учество на САД, за рутите на пловидба и за коннтролата на стратешкиот воден пат.
– Ако Оман ни се закачи на патот, ќе го бомбардираме до темел – изјави Трамп за Фокс њуз како одговор на прашање за тековните преговори меѓу двете земји.
Трамп рече дека постои таен канал за мировни преговори со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран.
– Тие се добри играчи на покер, но умираат – рече Трамп во телефонски разговор.
Иако рокот од 60 дена за траен крај на војната и договор за нуклеарната програма на Иран истече денеска, Трамп нагласи дека сè уште има време за мир и дека очекува Иран да попушти на неговото главно барање.
– Немам никаков рок. Не брзам – рече тој.
Тој го отфрли тврдењето дека претстојните избори влијаат на неговата воена стратегија како врховен командант.
– Среднорочните избори немаат никаква врска со моето размислување – рече тој.
За Израел рече дека би било најдобро да се држи подалеку од изборите таму.
– Мислам дека е најсоодветно да не се мешаме во израелските избори, но можеби ќе поддржам некого – рече тој.
Трамп, исто така, рече дека Израел не треба да почнува напади во Газа додека продолжуваат напорите за спроведување на следната фаза од планот, што би вклучувало разоружување на Хамас.
– Имаме наш сопствен однос со Хамас. Тие го предаваат своето оружје – рече тој.
Трамп, исто така, ги отфрли загриженостите за можниот притисок што конфликтот би можел да го нанесе врз американските залихи на оружје.
– Она што го користевме беше ситница. Имаме многу оружје од средно ниво – рече Трамп.